Почитувани,
Пред две години во земјоделство затекнавме институции во застој, нерешени предмети, неисплатени плати и субвенции, блокирани проекти и континуиран пад на земјоделското производство.
Само кај производителите на млеко имаше неисплатени субвенции за цели 17 месеци, додека бројни обврски од периодот 2020 – 2024 останаа нерешени и над 1.600 вработени во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство повеќе од 4 месеци беа оставени без плата, здравствено и пензиско осигурување.
За само две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја смени оваа слика и денес Македонија бележи раст на земјоделското производство и на извозот, така во 2025 година извозот на земјоделски производи и преработки достигна 417 милиони евра, со суфицит од 215 милиони евра.
Според Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко е зголемено за 2,7 проценти, овчото млеко за 4%, се зголеми и производството на свинско месо со што се задоволува целокупната количина која е потребна за домашниот пазар. Лани се произведоа и откупија околу 300.000 тони пченица, количина што ги задоволува домашните потреби.
Паралелно со растот на производството, ја реализиравме и најважната обврска кон земјоделците, редовна и навремена исплата на субвенциите.
Од кога ја презедовме власта, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ до денес исплатени се повеќе од 15 милијарди денари субвенции, а само во првите месеци беа исплатени околу 4 милијарди денари заостанати средства.
Субвенциите во сточарството ги зголемивме за 50 проценти и се укина непотребната бирократија со двојното пријавување, со што спречивме околу 7.000 земјоделци да останат без финансиска поддршка.
Од друга страна, обезбедивме поголема поддршка за производителите, така што откупната цена на тутунот се зголеми на 400 денари за прва класа и се донесе долгоочекуваната методологија за пресметка на производната цена на винското грозје, што резултираше со највисоки откупни цени за лозарите и зголемување од 25%.
Посебно внимание посветивме на младите земјоделци за кои се одобрија 117 проекти со финансиска поддршка од 69 милиони денари, што претставува повеќекратно зголемување споредено со периодот на власт на СДС.
Промоцијата и модернизацијата на македонското земјоделство со современа технологија беше еден од приоритетите, за таа цел се склучија 57 договори во вредност од 34 милиони денари за набавка на специјални комбајни за ориз и мини сушари, како и над 110 договори во износ од 16,5 милиони денари за поддршка на локални саеми и манифестации.
Овие бројки покажуваат дека кога има одговорно управување, резултатите не изостануваат, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжува со работа и со политики што носат развој, сигурност и подобар живот за секој земјоделец.










