Почитувани,
По скандалот со водата во Гостивар, најгласен е молкот на СДС, ДУИ и Таравари.
Ниту осуда, ниту барање за одговорност, ниту повик за оставка од нивниот кандидат Валбон Лимани, кој јавно изјави дека не чувствува никаква морална одговорност.
СДС, ДУИ и Таравари молчат затоа што Валбон Лимани е нивен кандидат и го штитат преку нивните обвинители и судии.
Молкот е доказ дека за СДС, ДУИ и Таравари партиската припадност е поважна од здравјето на граѓаните.
Тие секојдневно бараат оставки од кого стигнат, но кога се работи за нивните кадри, сите принципи за отчетност исчезнуваат.
Брзата реакција на владините институции, ќе го реши проблемот во Гостивар во експресен период. Тоа покажува дека коалицијата во Гостивар предводена од СДС, ДУИ и Таравари нема капацитет да ја води општината.










