Ниту еден граѓанин не смее да биде оставен сам да се снаоѓа по временски непогоди и сам да ги сноси последиците. Одговорноста и помошта мора да биде заедничка, поради што, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар поднесува иницијатива за обештетување на секој чиј дом, дуќан или друг имот беше оштетен од невремето кое го зафати главниот град.
Во овие моменти граѓаните не смеат да слушаат изговори или политички пресметки, туку сплотеност и заедништво, за организирана, брза и ефикасна реакција од локалната самоуправа.
Апелираме до сите советници да ја поддржат оваа иницијатива и да не гледаат на неа низ призмата на политиката, туку како чекор за солидарност со своите соседи.
Ја повикуваме и Општина Центар без одложување да започне со проценка на штетите и на располагање да ги стави сите капацитети кои ги има за помош на погодените граѓани.
Во вакви моменти, секој еден треба да се чувствува сигурен и згрижен од општеството, од своите сограѓани, бидејќи може да му се случи на секој еден од нас.
Линк од фб објава:








