Денеска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, бевме во струмичко Дабиле, за да добиеме информации директно од терен за штетите предизвикани од невремето проследено со силен дожд и ветер, кое вчера го зафати нашиот регион.
Разговаравме со земјоделците, а освен директно погодените земјоделски површини, извршив увид и на патна инфраструктура која истотака беше зафатена од невремето. Благодарение на брзата реакција и интервенција на надлежните служби, предизвиканите штети на патните правци и јавната инфраструктура беа навремено санирани.
Ги повикувам сите граѓани кои претрпеле штети да ги пријават до надлежните служби во Општина Струмица, за да можеме навремено да реагираме, комисиите да излезат на терен и да се изврши проценка на состојбата, со цел обезбедување соодветна поддршка.
Линк од фб објава:








