22.07.2026

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ секоја можност за договор ја претвораат во нов политички конфликт

Почитувани,

СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека секоја можност за договор ја претвораат во нов политички конфликт.

Наместо да придонесат за донесување на новиот Изборен законик, кој беше резултат на повеќемесечни разговори и усогласувања, тие одлучија повторно да создадат политичка криза таму каде што имаше простор за консензус.

Иако им прифативме се што побараа, а тие барања за волја на вистината, немаа никаква врска со суштината, тие потоа не го потпишаа законот кој повеќе им одговараше на нив отколку на ВМРО-ДПМНЕ.

За СДС, Левица и ДУИ очигледно е поважно да произведат политички конфликт, отколку да придонесат за решение што е во интерес на државата. Создаваат алиби за поразот на следните избори, а дополнително и се обидуваат кога имаат можност да го намалат успехот на Македонија во делот на Реформската агенда.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата, без разлика на обидите на СДС, Левица и ДУИ секој процес да го претворат во политичка пресметка.