20.07.2026

Делегиран буџет на 28 национални установи за поефикасно работење, финализирање на подготовките за отворање на музеите на Скопско Кале

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја стабилизира состојбата, да спроведе клучни системски реформи и да реализира значајни инвестиции во културата и туризмот.

Во изминативе две години, фокусот беше ставен на воспоставување системски пристап во управувањето со културата и тоа преку стратешко планирање, започнување на законски реформи, финансиска стабилизација и капитални инвестиции.

Наследен беше долг од 273 милиони денари по основ на неисплатени плати во националните и локалните установи, кој експресно се реши со ребалансот, при што се изнајдоа и дополнителни 71 милион денари за програмски активности и над 78 милиони денари за проекти во општините.

Паралелно со сервисирањето на наследените обврски се започна со системско решавање на долгогодишните проблеми во културата и туризмот, за која цел се изготви длабинска анализа за рационализација на националните установи и преземени се конкретни чекори за спроведување на реформските приоритети.

Македонскиот јазик беше еден од главните приоритети на Владата и затоа уште веднаш започна имплементацијата на Законот за употреба на македонскиот јазик, се основаше Инспекторатот и Советот за македонски јазик, а во тек е и изработката на Стратегијата за употреба на македонскиот јазик.

Се финализираат подготовките за отворање на музеите на Скопско Кале, процес кој беше целосно запрен од претходната влада, а деблокирани се и повеќе национални и меѓународни проекти во областа на културното наследство.

Се спроведоа реформи во финансирањето на националните установи и за првпат е воведен моделот на делегиран, што овозможувајќи поголема автономија, подобро планирање и поефикасно управување со јавните средства, кој годинава се применува во 28 институции и ќе продолжи да шири.

Од друга страна, реализирани се 320 нови вработувања и 35 унапредувања во националните установи и за првпат се воспостави отворен конкурс за мобилност, преку кој македонските културни работници се усовршуваат во престижни академски и културни институции во странство.

Ваквото посветено работење и добро проектираните мерки и активности ја потврдуваат целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, културата и туризмот повторно да станат стратешки двигатели во развојот на Македонија.