15.07.2026

Спортот е приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, инвестирани над 21 милион евра во спортски проекти а државната помош е насочена кон спортистите, клубовите и федерациите 


За само две години, во спортот Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложи над 21 милион евра. Реализирани се и започнати 60 капитални спортски проекти. Се инвестира во нови спортски сали, базени, атлетски патеки, се реконструираат стадиони, мултифункционални игралишта и се создаваат подобри услови за илјадници спортисти низ целата држава.

Се градат нови спортски сали во Радовиш, Крушево, спортската сала „Расадник“, салата на УКИМ, нови спортски сали во Општина Аеродром, Воената академија, се градат атлетските патеки во Велес и Гевгелија, трибините на Градскиот стадион во Тетово и девет базени низ државата.

Реализацијата на овие проекти се доказ дека спортот конечно добива вистинска поддршка. Додека СДС и ДУИ со години зборуваа за спортот само во предизборни кампањи, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи и испорачува конкретни резултати.

Истовремено, воведен е потранспарентен систем за распределба на средствата, со јасни критериуми, со што државната поддршка конечно завршува таму каде што треба, кај спортистите, клубовите и федерациите.

Разликата е очигледна. Наместо запоставување на спортот, денес има инвестиции и конкретни дела.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со уште посилно темпо, затоа што младите тоа го заслужуваат.

Спортот е еден од клучните приоритети на Владата на ВМРО- ДПМНЕ затоа се градат спортски објекти, се поддржуваат спортистите и се создаваат услови за нови победи. Тоа е разликата што граѓаните ја гледаат и ја чувствуваат.