12.07.2026

Македонија е со најниска инфлација во регионот, СДС се обидува да шири паника, но бројките ги демантираат

СДС секојдневно шири невистини и се обидува да создаде чувство на економска несигурност, но официјалните податоци повторно ги демантираат нивните тврдења.

Бројките и податоците јасно покажуваат дека Македонија има најниска инфлација во регионот. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај е намалена за 0,5 проценти. Тоа се официјални факти.

Уште поважно, инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува само 2,5 проценти, а кај облеката и обувките 2,1 процент. Тоа се категориите што најдиректно влијаат врз семејниот буџет и животниот стандард на граѓаните.

Во исто време, Македонија има најниска инфлација во регионот меѓу земјите кои досега ги објавија податоците за јуни.

Македонија – 3,4%

Словенија – 3,6%

Грција – 3,9%

Хрватска – 4,5%

Бугарија – 5,6%

Турција – 32,1%

Ова се бројки што не можат да се сокријат ниту да се релативизираат.

Додека СДС се обидуваат да градат дневна политика врз измислени кризи и ширење паника, Владата работи со конкретни мерки што даваат резултати.

Намалената инфлација е директен доказ дека економските политики се правилно поставени и дека се води одговорна грижа за стандардот на граѓаните.

Наместо манипулации и лажни сценарија од СДС јавноста заслужува мерки и проекти. А фактите се јасни, Македонија денес има една од најстабилните ценовни политики во регионот и најниска инфлација меѓу соседните земји што ги објавија податоците за јуни.

Владата ќе продолжи со одговорни економски политики, стабилни јавни финансии и мерки што носат резултати, без разлика на обидите тие резултати да бидат оспорени од оние што немаат што да понудат освен дезинформации.