06.07.2026

Ристески: Во овој момент во Република Македонија активно се реализираат над 1200 проекти во сите општини

Петар Ристески пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет истакна дека ребалансот го отсликува одговорното домаќинско и стратешко управување со државната каса.

„Пред нас денес стои документ кој јасно го отсликува одговорното домаќинско и стратешко управување со државната каса. Овој предлог ребаланс на буџет за 2026 година не е обично прераспределување на бројки на хартија. Ова е економски манифест на една влада која знае да создава вредност како да ги консолидира јавните финансии и како парите на граѓаните да ги врати назад кон граѓаните“ кажа Ристески и додаде:

„Со години колегите од Социјалдемократскиот сојуз не убедуваат дека економијата ни е во развој, додека зад себе оставаа пустош, блокирани сметки и нереализирани проекти. Денес истите тие пратеници имаат доблест да критикуваат. Но почитувани колеги од социјалдемократскиот сојуз, за разлика од вашите минати празни флоскули, оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ зборува со единствениот јазик кој е непобитен, јазикот на егзактните бројки и реалните факти“ нагласи Ристески.

Ристески потенцираше дека во првите пет месеци од 2026 година вкупните приходи изнесуваат 140 милијарди 162 милиони денари, што е за 5,7% повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

„Со овој ребаланс вкупните приходи се ревидираат нагоре и се проектираат на ниво на 379,5 милијарди денари. Тоа е зголемување за цели 4,5 милијарди денари или раст од 1,2% во однос на првичниот буџет. И ќе се запрашате како стигнавме до ова? Не со притисоци, туку со системска борба против сивата економија и одговорна наплата. Во првите пет месеци од 2026 година вкупните приходи изнесуваат 140 милијарди 162 милиони денари, што е за 5,7% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Даночните приходи се повисоки за 4,69 милијарди денари или за 6,3%. На платата на ДДВ бележи енормен раст од 16,4%. Данокот на личен доход е зголемен за 11,7% а данокот на добивка за 14,9%“ нагласи Ристески.

Ристески посочи дека месец јуни 2026 година е запишан како историски рекорден месец за наплатени царински давачки.

„За месец јуни 2026 година е запишан како историски рекорден месец за наплатени царински давачки. Во првите шест месеци од оваа година по основ на царини имаме инкасирано дури 50 милиони евра повеќе во однос на 2025-та година. Почитувана опозицијо, ова не се бројки на економија што стои во место. Ова се егзактни докази за економија што конечно се раздвижи и работи со полн капацитет“ кажа Ристески.

Ристески додаде дека парите сега не завршуваат во приватни џебови како во владеењето на СДС туку во капитални проекти.

„Капиталните инвестиции. Повеќе од очигледно е дека парите не завршуваат во приватни џебови туку во капитални проекти. Со овој ребаланс капиталните расходи се зголемуваат за огромни 4 милијарди 747 милиони денари повеќе. Ова е историско зголемување на средствата за капитални инвестиции за 14,5% во однос на иницијалниот буџет. Додека во ваше време почитувани колеги од социјалдемократскиот сојуз капиталните инвестиции беа само мртво слово на хартија со мизерна реализација на крајот на годината“ истакна Ристески.

Ристески потенцира дека во овој момент во Република Македонија активно се реализираат 1200 проекти во сите општини.

„Денес во овој момент во Република Македонија активно се реализираат слушнете ме добро 1200 проекти во сите општини без разлика на политичката обоеност. Се градат шест автопати, се реконструираат училишта, болници, се градат градинки. Обезбедивме дополнителни 1,4 милијарди денари повеќе за земјоделски субвенции, со што вкупната сума достигнува од 8,7 милијарди денари за нашите земјоделци. Овој ребаланс има исклучително силна социјална компонента во која доминира грижата за граѓаните, раст на плати и раст на социјалната заштита“ заклучи Ристески.