„Денес се потпишува Договор за изградба на нов автопат во Република Македонија, и од утре па натаму, во Република Македонија ќе се градат 6 автопати истовремено“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет.
Пренџов истакна дека ребалансот се темели на реален раст, како и реализација на проекти, и подбрување на животниот стандард на граѓаните.
„Ребалансот се темели на реален раст. Овој пат не на фиктивен раст, не на раст ќе му дадеме на Димитар Ковачевски 100 милиони евра во ЕЛЕМ и тие ќе ги прикажеме како капитални инвестиции. Сега се темели на реален раст од 3,1% во првиот квартал 2026 година. Дополнително, за седум години власт на СДС економијата растела во просек 1,1% денес расте 3 и пол пати повеќе и тоа е добро“, посочи Пренџов.
Пренџов нагласи дека државата бележи сериозен раст во повеќе сектори и додаде дека преку ребалансот ќе продолжат инвестициите и развојот на државата.
„Посебно е важно тоа што растот не е концентриран во еден сектор. Услугите растат со 3,6%. Градежништвото коешто покрај тоа влече уште 24 други гранки расте со одлични, претпоставувам некој ќе се излезе ќе се согласи 7,2% а земјоделството со 2,9%. Индустријата покажува раст од 7,6% во април. Моментално денес Република Македонија има една здрава економија. Секоја економија има проблеми. Секоја економија има предизвици, има планови, има стратегии, но имаме здрава економија којашто бележи раст, којашто бележи многу сериозен раст“, заврши Пренџов.








