Почитувана јавност,
Државното раководство на Македонија има многу јасно зацртано како државата треба да се вклучи во ЕУ и тоа јасно го кажува.
А тоа значи, намерата на Македонија не е само да почне преговори со Брисел и да се соочи со нова блокада како актуелната од официјална Софија, туку процесот да почне и успешно да заврши со целосно исполнување на европските стандарди.
Ова им е јасно и на многу истакнати меѓународни чинители. И нив ги слушнавме викендов во Дубровник на меѓународниот собир како јасно потенцираат дека е несериозно да се врши притисок врз Македонија да прифати правила, во конкретниов случај вклучување на Бугарите во Уставот, без притоа да има јасна гаранција дека Софија нема да има други барања кон државава во врска со идентитетски прашања на нејзиниот пат кон ЕУ.
Почитувани, ова изгледа само на Венко Филипче и на неговите другари од раководството на СДС не им е јасно, а можеби им е јасно но не се грижат за државата и за граѓаните.
Нив ги интересира само едно – да се даде се, по секоја цена да ги реализираат само нивните лични интереси.
И очигледно е зошто го прават ова, се надеваат дека тоа е патот или магичната формула која ќе ги донесе на власт.
Кај граѓаните на Македонија оваа политика видовме дека не поминува. Граѓаните на СДС и даваат црвен картон, бидејќи сакаат државата да ја водат личности кои се борат за достоинствен влез на Македонија во ЕУ.










