Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната собраниска седница обзнани факт за апсењето на претседателот на младината на политичката партија Левица, и дека не бил уапсен затоа што веел знаме на туѓа земја, туку затоа што на малолетни лица им се обраќал со зборот ,,убијци’’. Тој кажа дека ова е факт кој досега не бил изнесен во јавноста.
,,Не е точно дека е уапсен претседателот на младината на Левица, заради тоа што веел некакво знаме. Претседателот на младината на Левица е уапсен е заради тоа што на дечиња од 14 и 16 години, кои што играле фудбалска утакмица, им се обраќал со зборот ,,убијци“, рече Тошковски и додаде:
,,Вашиот претседател на младина им се обратил со зборовите убијци, на фудбалски натпревар. И сега што треба направи полицијата? Фризурата да му ја направи? Или требало да го отстрани од стадионот на којшто присуствувал и се однесувал така како што се однесувал“.








