22.06.2026

Тренчевска зборува за животен стандард, а граѓаните од СДС паметат само двоцифрена инфлација и осиромашување

Поранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, денес зборуваше за животниот стандард, иако токму во времето кога СДС беше на власт граѓаните се соочуваа со двоцифрена инфлација и сериозно намалување на куповната моќ.

По седум години политики кои го доведоа народот на работ на егзистенција, денес на СДС им пречат мерките што носат повисоки приходи и подобар стандард за граѓаните.

Владата, и покрај наследената празна државна каса од СДС и последиците од глобалната криза, спроведува политики кои даваат конкретни резултати.

Просечната нето-плата од 2024 година до денес е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6%, додека инфлацијата е стабилизирана.

Зголемени се пензиите, како и платите на здравствените работници, просветните работници и вработените во одбраната и полицијата.

Стапката на невработеност е намалена од 12,5% на 11,3%, додека стапката на вработеност е зголемена од 45,6% на 46,5%.

Економските показатели го потврдуваат напредокот. Македонија бележи раст на БДП од 3% во 7 последователни квартали и се вбројува меѓу побрзорастечките економии во Европа.

Овие резултати покажуваат дека економските политики на Владата носат конкретни придобивки за граѓаните и создаваат основа за натамошно подобрување на животниот стандард.