,,Реструктуирањето на ниво на општински комитети и структура во партијата е завршено. Станува збор за 30-тина проценти нови луѓе, кои што сега добиваат можност да покажат, да работат, не само за партијата, најважно е да работат за државата. На овој начин остануваат уште некои мали финеси да се доусогласат во следната недела и јас очекувам уште тие мали финеси да бидат усогласени, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Мицкоски најави дека најдоцна до следната недела ќе има ново кадровско освежување и во останатите структури на партијата.
,,Покрај новиот состав на ИК, новите претседатели на општинските комитети, ќе дојдат и освежувања во другите структури на партијата, Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани, Патриотскиот институт. Остануваат мали финеси кои што ќе треба да се доусогласат. Јас очекувам најдоцна следната недела и тоа да го завршиме“, кажа Мицкоски.








