Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски денес на собраниската седница истакна дека за да се зборува за работата и успешноста на министерот Трипуноски и да се бара интерпелација, најпрвин треба да се земе некоја референтна вредност за да види од каде се тргнало и на каде се оди, дали се оди нагоре или надолу, посочувајќи дека при преземање на односното министерство во 2024-тата година, затекната беше состојба во која 1600 луѓе од шумарство беа без плата четири месеци, 500-тини луѓе од водостопанство беа без плата пет месеци и тоа беше стартната позиција.
„Во Овчеполието знаете кој зеде најмногу земјиште, НИКОБ, што има врска со земјоделие или сакаа по добра цена да го земат, па да го трансформираат од земјоделско во градежно?“, праша Здравковски и додаде:
„Има една фирма од Велес, Димекс, зема земјиште, државно на езеро со намера да направи апартмани со поглед на езерото, од земјоделско да го направи во градежно, и кога општина Велес не му дозволи-избега, го раскина договорот еднострано. Знаете дека овие земјоделци коишто живеат помеѓу Велес и Штип, во Овчеполието, не зедоа земјиште за обработка. Е сега тоа ќе се смени.“
Пратеникот Здравковски образложи дека сега повторно се враќа методологијата во доделувањето на земјиштето преку бодување на близина на живеење и рече дека не може Везе Шари од Гостивар да земе 300 хектари земја, а некој од Ерџелија, од Мамутчево, од Каратманово, од Лозово или каде и да е, да нема пристап до тие земјоделски површини коишто му се позади куќата.
„За стоковите резерви, знаеме, претходно имаше една одлука во министерство преку еден Правилник од 2% калирање годишно, се качи на 8%. Разликата знаете во цена колку беше? 800,000 евра и се сомневаат до ден денес дека таа разлика и таа количина на пченица беше некаде извезена. За возврат на тоа милион и четиристотини завршија кај Мамас, во џепчето. Така се правеа бизнисите во ваше време.“








