10.06.2026

На Филипче и СДС им пречи тоа што Македонија напредува, за нив напредок е само преку национални отстапки


Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ докажува дека европскиот пат е можен и без национални понижувања. Македонија е лидер во реформите и  Планот за раст меѓу земјите од Западен Балкан, без да се продава идентитетот, без да се редефинира историјата и без да се релативизира македонскиот идентитет.

Тоа им пречи на СДС и на Филипче и затоа упорно тврдат дека без отстапки нема напредок.

Затоа граѓаните ги испратија СДС во опозиција, и неколкупати на избори им ја повторија пораката. Затоа што знаат дека на СДС не им е важна ниту државата, ниту народот, ниту идентитетот, ниту јазикот, ниту името. Нив ги интересира само власт, пари, моќ, амнестија.

Бугарија ја ветоизира Македонија на евроинтегративниот пат, а Филипче постојано се усогласува со ставовите на бугарската министерка за надворешни работи, Петрова Чамова.

Па така, Венко Филипче како специјален бугарски пратеник на Бугарија во Македонија, му се додворува на премиерот на Бугарија, Румен Радев, со некаква цел и замисла да дојде на власт.Доколку Филипче и СДС би биле власт веднаш би прифатиле секакви национални отстапки и повторно би ја обезличиле Македонија, како што тоа било правено наназад секогаш кога СДС е на власт.