Со засилена динамика се санира проблемот со градската депонија „Краста“ во Куманово.
Посебна благодарност до екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ на чело со директорот Сашо Томиќ, кои континуирано работат на терен, како и до општествено одговорните компании што се вклучија во надминувањето на состојбата.
Голема поддршка во овие активности обезбеди Министерот за транспорт Александар Николовски, кој веднаш одговори на барањето за помош и стави на располагање тешка механизација што активно работи на терен.
Благодарение на оваа навремена интервенција, процесот на санација се одвива значително поефикасно.
Во тек е расчистување на депонијата и нанесување нови слоеви земја, со цел да се намали ризикот од самозапалување на подземните гасови и појава на пожари.
Паралелно со тековните мерки, се работи и на трајно решавање на проблемот преку изградба на регионална фабрика за преработка на отпад за Североисточниот и Источниот регион и трансформација на постојните депонии во трансфер-станици за комунален отпад.
Со заедничка работа и координација меѓу институциите, се преземаат конкретни чекори за надминување на проблемот и обезбедување почиста и побезбедна животна средина за граѓаните.
Линк од фб објава:








