Венко Филипче е погласен промотор на барањата за уставни измени отколку Бугарија.
Филипче и СДС единствена агенда којашто ја имаат се туркање на уставните измени и внесувањето на Бугарите во Устав.
СДС и Филипче ги игнорираат позитивните оценки од Антонио Кошта за спроведувањето на Реформската агенда, ги игнорираат и средствата обезбедени преку Планот за раст, но затоа прв приоритет им е упорно туркање на темата за уставни измени.
За Филипче и СДС не се важни домашните приоритети во државата, тие работат во прилог на бугарските позиции. За Филипче и СДС постои само една реформа, а тоа е уставните измени и распродавање на државните интереси.
Граѓаните знаат дека токму СДС беше носител на најконтроверзните и најголеми политички отстапки во изминатите децении. Од промена на знаме, име, Устав, до денешните барања на Филипче за редефинирање на историјата, јазикот, културата и идентитетот.
Филипче продолжува по истиот пат на Заев, Ковачевски, барајќи нови отстапки и прифаќање на услови кои не придонесуваат за достоинствен и рамноправен европски пат.
ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека националните интереси, македонскиот идентитет, јазик и историска посебност не смеат да бидат предмет на политичко пазарење. Македонија заслужува европска иднина, но не по цена на нови понижувања и откажување од сопствените национални обележја.
Времето кога СДС, Заев и останатите безусловно прифаќаа туѓи диктати е завршено. Македонија ќе продолжи напред со крената глава, бранејќи ги своите државни и национални интереси.








