Венко Филипче со секој свој јавен настап, само ја потврдува тезата дека е најмекото ткиво коешто македонското општество некогаш го имало.
Низ историја, во различни периоди, Македонија имала најразлични предавници кои тајно и во затскриена форма ги предавале македонските национални интереси и македонскиот народ.
Но, за жал, ова со Венко Филипче за прв пат се случува вака отворено да работи против македонските национални интереси и јавно, уште недојден на власт, да ги застапува интересите на туѓите држави, во случајот Бугарија.
Слушајќи го Филипче и слушајќи ги бугарските владини претставници, не можеме да видиме разлики во нивните ставови. И официјална Софија и СДС и Венко Филипче велат дека Македонија не разговара со Бугарија, туку дека разговара со Европската Унија. И СДС и Венко Филипче, исто како и Бугарија велат дека уставните измени се единствениот начин да се продолжи европскиот пат.
Кога сме кај уставните измени, мекотелот Филипче оди чекор понатаму, и за него Бугарите во македонскиот Устав се единствената реформа. Иако Реформската агенда се спроведува и на неа се работи посветено и таа е потврдена и од европските институции, за што доделија и 65,7 милиони евра, што најмногу од сите земји во регионот, Филипче тоа не го гледа, за него тоа не е реформа.
Дополнително на тоа, континуираниот напредок и посветеноста на Владата во спроведувањето на Реформската агенда, вчера ги пофали и самиот Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет, на прес-конференција во Скопје.
Но, Венко Филипче одлучи да се стави над релевантните европски институции и претставници, при што вели дека Кошта лаже дека спроведуваме реформи.
Од друга страна, Филипче пак којшто тврди дека само уставните измени се пречка за продолжување на евроинтегративниот пат, веќе признава дека блокади на патот кон ЕУ од Бугарија може да има и во иднина.
Затоа му порачуваме на Филипче, без јасна предвидливост и гаранции за европскиот пат, како и реципроцитет од бугарска страна, нема уставни измени со цел внесување на две, три илјади македонски граѓани кои себе си се чувствуваат за Бугари.








