Почитувани,
Деаноски и Трендафилов треба повеќе да работат за работниците и да се борат за членството, а не да им ги трошат парите на синдикалците за луксузни патувања, привилегии и спортски игри на Јадранот.
Од толкава Македонија и преубавите места за рекреација, на неизживеаниот Трпе Деаноски му текнало да потрошат 60.000 евра или околу половина од годишниот Буџет кој го собираат синдикалците од свој џеб и да оди со одбрани луѓе во Црна Гора.
Очекуваме одговори на нашите информации добиени од свиркачи во УПОЗ, дали е точно дека оваа година спортските игри се одржале во Црна Гора, за да се излезе во пресрет на синдикалци – членови на СДС, кои протестираа со Деаноски и Трендафилов? И дали е точно дека поради истите овие, биле деградирани долгогодишни членови на синдикатот?
Наместо борба за работнички права, Трендафилов и Деаноски се борат за луксуз.
Затоа бројката на членови на ССМ се намалува и полека но сигурно ССМ го губи легитимитетот и кредибилитетот.
Како што му се случува на СДС , така и на ССМ.










