Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на покана од сестринската партија од Република Албанија се обрати на Конгресот на Националното собрание на Демократската партија на Албанија и во своето обраќањe ги пренесе поздравите од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, и истакна дека „иднината на Западен Балкан ја градиме заедно како партии кои делат исти вредности: слобода, одговорност, традиција, семејство и европска иднина”.
Тој нагласи дека местото на државите од регионот е во Европската Унија, како рамноправни партнери кои достоинствено ги застапуваат своите национални интереси и вредности.
„Нашето место е во ЕУ, не понижени, туку како еднакви партнери”, дециден е Ковачки.
Ковачки во своето обраќање потенцираше дека македонско-албанското пријателство не претставува само дипломатска формулација, туку е географска, историска и цивилизациска реалност која треба дополнително да се зајакнува преку заемна почит и соработка.
„Македонско-албанското пријателство не е дипломатска фраза туку е географска, историска и цивилизациска реалност”, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки.
Линк од ФБ објава:
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1527874792681672&id=100063774981830








