Почитувани,
Задоцнети казни и санкции нема да го исперат неодговорното и расипничко работење на Герасимовски и СДС во Општина Центар. Луѓето што скоро цела деценија го уништуваат Центар, требаше да размислуваат пред да се расфрлаат со одобренија за градба на фирмите на Абдуљвехап Хусеини, кој според медиумите е со натоварени пријави за несовесно работење во службата или пак на Љумиал Џеладини, чија компанија има објавено непостоечки телефонски број.
Што мислеа кога дадоа амин за работа на „Конструксион Груп Гостивар“, во сопственост на Исмаил Беџети, за која медиумите подоцна открија дека е со блокирана сметка!?
За овие компании, Герасимовски и СДС три месеци ништо не знаеја, додека тие го раскопуваат срцето на градот.
Три месеци беа заслепени со парите од неконтролираното издавање одобренија за градба, три месеци не виделе апсолутно ништо!
И дури кога се урна земјиштето, пропаднаа тротоари, кога паднаа бандери, тогаш „дознаа“ на кој сѐ даваат одобренија за градба и „итно реагираа“. Во меѓувреме, инспекторот им бил на боледување.
Почитувани,
Покрај одговорност за компаниите и нивните сопственици, одговорност мора да сносат и Горан Герасимовски и СДС, бидејќи ова не е инцидент. Ова е само уште еден доказ дека СДС ја влече Општина Центар во пропаст, заедно со себе.










