Почитувани,
Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците кои од својата плата ги даваат за чланарина.
Лажната скромност на синдикалците како Трпе Деаноски од УПОЗ излезе на виделина.
Додека во Македонија вели дека се мали платите и дека се борел за поголеми плати, дека граѓаните живееле во сиромаштија и мизерија, Трпе Деаноски во Црна Гора се луксузира на трошок на неговите синдикалци.
Трпе Деаноски, претседател на синдикатот на УПОЗ и дел од раководството на ССМ, ги троши парите од чланарините на синдикалците за луксуз, шетање и организирање на спортски игри.
Трпе Деаноски преку синдикатот на УПОЗ организирал луксузни спортски игри, кои траеле 4 дена, но не во Скопје, Охрид, Дојран или Струмица, туку во атрактивното и луксузно туристичко место Чањ, во Црна Гора.
На Трпе Деаноски мала му е Македонија и нашите туристички капацитети, па затоа одлучил спортските игри на УПОЗ, кои многупати се одржувале во Македонија, овој пат да ги одржи во Црна Гора и за тоа да потроши над 60.000 евра.
Синдикалците на батерии си го покажаа правото лице. Пред камерите глумат загрижени и борци за поголеми плати, а позади камерите се луксузираат на грбот на своите членови.











