Очајот во СДС по случајот со откривањето на врската меѓу Филипче и Виктор Стојанов, преку испливување на сликата со Рубин Земон, доведе до паника во нивната партија.
Мислат дека со лаги и ширење на невистини некој ќе им поверува.
Фотографијата во која наводно “откриле” нешто е тежок фалсификат и глупост. Јасно може да се види во писмото кое си го напишале сами во Центарот за лаги на СДС, дека лицето кое ја поднело жалбата – “ќе информира Белата куќа и МНР на САД”.
Овој документ е лажен затоа што МНР на САД не постои, туку Стејт Департмент.
Но, со оглед на тоа дека Жерновски им е меѓународен секретар кој не ја знае кратенката за НАТО, не нѐ чуди и оваа непромислена прес-конференција со која мислат дека ќе го затскријат срамот кој го направија на државата.









