23.05.2026

Манасиевски: Венко Филипче специјалниот пратеник на Румен Радев за Македонија заедно со Рубин Земон се главни соработници на бугарската пропаганда во Македонија

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, ви благодарам за присуството.  

Стигна потврда за она што веќе со недели го говориме, а тоа е соработката на Венко Филипче и СДС со бугарските власти, со единствена цел – внесување на Бугарите во Уставот, што ќе биде првото од многуте барања кои потоа ќе ги има Бугарија, а се однесуваат на идентитетот, јазикот, културата и историјата.

На фотографијата зад мене, го гледаме Рубин Земон, членот на ИО на Филипче, кој вчеравечер и си поднесе оставка од истата функција, кој јасно на бугарски поткаст велеше дека Гоце Делчев е мит и дека не направил ништо за Македонија. Рубин Земон на фотографијата е на средба со Виктор Стојанов од Фондацијата „Македонија’’. Станува збор за оспорена невладина организација којашто функционира во Македонија. Фондацијата има за цел ширење на бугарска пропаганда во Македонија, а е позната по ксенофобски испади, и гледишта дека македонскиот народ и македонската историја се под бугарска историографија. Или во кратки црти, оваа фондација и нејзиниот претседател велат дека Македонија и Бугарија се еден народ во две држави, како што и велеше врховниот лидер на СДС, Зоран Заев.

Оваа коалиција на Венко Филипче и Рубин Земон, односно на СДС со бугарски организации е спремна да го негира македонскиот идентитет, да го оспори нашиот македонски јазик, да ја избрише македонската историја и да ја уништи македонската култура.

Ете, со овие луѓе соработува или коалицира уценетиот Венко Филипче и неговата СДС.

Дознаваме од свиркачи, дека видни членови на СДС виделе дека работата е отидена предалеку и дека преку ова не смее да се помине, па му било сугерирано на Филипче да го тргне Рубин Земон од ИО за да не му штети на СДС, а да продолжи во неговата работа, која веќе е потврдена и во јавноста со оваа фотографија позади мене.

Почитувани граѓани,

Како тргнал Филипче ќе остане сам со кланот Заеви.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните нема да дозволи да се случи повторно предавство на македонските национални интереси. Доста е со понижувања, потклекнувања и потчинувања. Време е Македонија да биде горда, исправена и достоинствена.