22.05.2026

Филипче и Заев повторно нудат распродажба на Македонија за личен спас, државата не смее да биде жртва на сервилните политики на СДС

Македонија нема и не смее да биде повторно жртва на политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев, кои заради личен спас и амнестија се подготвени повторно да водат политики на сервилност и да ги распродаваат државните интереси.

Венко Филипче знае и му е јасно дека без поддршка од надвор и без слугување на туѓи интереси и агенди нема политичка иднина во Македонија.

Венко Филипче знае дека има катастрофален личен рејтинг, партија која се распаѓа и нема личен кредибилитет. Токму затоа единствен механизам кој му останува на Филипче е сервилност и слугување на туѓи агенди од кои очекува поддршка за да дојде на власт и да ја зачува фотелјата на Бихачка.

Филипче отворено нуди нови национални понижувања, нови отстапки и трговија со државните интереси само поради лична корист.

Македонија и граѓаните веќе еднаш ја платија цената на поданичките политики на СДС и цената на владеењето на СДС со корупција, криминал, понижувања и ставање на државата во подредена состојба на меѓународен план.

Народот не им верува на СДС и затоа нема да дозволи истите луѓе како Заев и Филипче кои го сменија името, го понижија народот и кои ветуваа европска иднина што никогаш не ја испорачаа повторно да ги лажат. Филипче и СДС да престанат да ја потценуваат интелигенцијата на македонските граѓани.

Македонија не смее да биде држава на уценети политичари кои се спремни за личен спас да ја распродадат.