14.05.2026

Како пиун на Радев, ставовите и барањата на Филипче не се разликуваат од бугарските и не му смета ни навредливата придавка ,,северномакедонци”

Политиката на СДС кон државните интереси е иста со таа на Бугарија.

СДС и официјална Софија не се разликуваат во барањата, Венко Филипче исто како и новата бугарска Влада бара итно спроведување на уставните измени и тоа без никакви гаранции дека тие ќе бидат последните. 

Дека СДС има исти позиции со Бугарија потврдува и самиот Филипче, пиунот на новиот бугарски премиер Румен Радев, со секојдневните негови настапи и изјави.

Пиунот на Радев, Филипче освен што е главен лобист за безусловно прифаќање на бугарскиот ултиматум, исто така нема ништо против да бидеме нарекувани „северномакедонци“.

Со тоа Филипче станува поголем негатор и штетник на македонскиот народ и Македонија, дури и од неговиот ментор Зоран Заев, како и бугарските власти кои не нарекуваат со навредливи придавки.

Филипче, освен што е главниот лобист на Бугарија во Македонија за внесување на Бугарите во Уставот, а потоа и за менување на идентитетот, јазикот, културата и историјата, тој дури и го брани источниот сосед велејќи дека не ни го негира нашиот национален идентитет.

И додека бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова Чамова вели дека сме „северномакедонци“, Филипче, како главен спроведувач на бугарската агенда и верен послушник на Радев, вели дека нема никаков ризик Бугарите да влезат во уставот, ниту пак го загрозуваат нашиот идентитет.

Венко Филипче и натаму останува единствениот политичар во Македонија, кој е најгласен за уставните измени, без никаква предвидливост во евроинтегративниот пат на земјата и без гаранции дека нема да се бараат други отстапки кои задираат во националниот идентитет.

Кога помисливме дека после Заев нема поголем предавник, послушник и спроведувач на туѓите интереси за власт, тука е Филипче, како пиун на Радев, да потврди дека секогаш може повеќе и полошо.

Тоа што Филипче им го должи на македонската јавност, е јавно да каже со што е толку уценет од група бугарски политичари, за да води ваква антидржавна политика, спротивна на националните и на интересите на граѓаните.