07.05.2026

Станковиќ: СДС ги игнорира и не ги поддржува законите од Реформската агенда 


На денешната собраниска седница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ се обрати до опозициските пратеници и истакна дека и покрај тоа што амандманот поднесен од СДС е противуставен, тие повторно инсистираат да се внесе елемент во самиот закон којшто ќе го кочи функционирањето на законот.

„Вие да имате закон на којшто е организирана јавна трибина со Собранието, јавна дебата на којашто вие предложивте експерт на којшто дојдоа, дебатираа, после тоа да имате јавна расправа во Комисијата за политички систем на којшто се поднесуваа амандмани, 8 амандмани СДС заедно со нивната коалиција, 9 амандмани од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 9 амандмани од коалицијата предводена од ДУИ. Два ваши амандмани прифатени и трет амандман ви е прифатен како комисиски, два амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и 3 од ДУИ и покрај целата таа дебата вие викате не нашите амандмани не се прифатени, па како не се прифатени? Едниот амандман ви е противуставен, самите кажувате не може да биде прифатен бидејќи се коси со Уставот и вие велите не е реформски законот, со двотретинско мнозинство каде што опозицијата ќе имала можност, вие наоѓате во тој дел забелешки, значи вие упорно сакате да внесете елемент во самиот закон којшто ќе го кочи функционирањето на законот“, рече Станковиќ и додаде:

„Од Реформската агенда и вашето наводно залагање дека сте вие за реформи нема ништо, вие како ги замислувате тие реформи, ќе има реформи ако само вие кажете како да биде, тоа е реформа за вас, не може да има реформи ако вие не сте на власт. Вие не се борите за реформи вие ги кочите реформите, нема врска ова вашево со реформи, вие само наоѓате излез и само наоѓате ситуација како да ги кочите реформските процеси. И да слободно напуштете ги сите комисии каде што има европски закони, оваа држава на патот кон Европа ќе отиде и без вас“.