30.04.2026

Стојаноски: Опозицијата со лажни искази за реформската агенда, Владата тековно ги реализира европските стандарди

На денешната седница за пратенички прашања во Собрание, се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој постави три прашања до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Првото прашање е врз основа на прес-конференцијата којашто се одржа од страна на лидерот на опозициската СДС. Пратеникот Стојаноски истакна дека претседателот на опозицијата интерпретирал една изјава, додека демант стигнал токму од самиот евроизвестител, Вајц којшто ја објаснил ситуацијата, и оттука праша ваквите лаги од страна на опозициската СДС како ќе се рефлектираат на имиџот на Македонија во меѓународни рамки. 

„Прашањето ми е почитуван претседател на Влада, претседателот на опозицијата, односно на СДС, интерпретираше една изјава, евроизвестителот Вајц даде друга изјава комплетно дијаметрално спротивно од таа, ме интересира вашето лично мислење, како вие ги коментирате овие изјави, што вие лично мислите за ова што се случи во нашата држава. Лидерот на опозицијата, излезе држи прес-конференција, директно излажа, за неколку часа да биде демантиран, и како тоа ќе се рефлектира на имиџот на Македонија во меѓународни рамки“, рече Стојаноски.

Второто прашање се однесуваше на обвинувањата од страна на опозицијата дека нема напредок во исполнување на реформската агенда и постави прашање кои чекори се преземени од страна на Владата во насока на реализирање на проектите и приоритетите од Реформската агенда. 

„Од опозицијата ве обвинуваат дека нема никаков напредок во исполнување на реформската агенда. Како го коментирате вие лично тоа, и кои чекори се преземени до сега од страна на Владата, бидејќи гледаме дека  редовно имате состаноци со министрите, со оние кои имаат преземено обврски, во насока на реализирање на проектите и приоритетите од Реформската агенда“, кажа Стојаноски. 

Третото прашање е во насока на економските мерки кои ги презема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кои се ефектите од истите.


„Од аспект на економската ситуација, бидејќи ова што тие го прават е нивна работа, тоа е нешто апстрактно, тоа што е важно, е што ќе остане за граѓаните. Знаеме, светот во каква ситуација е од аспект на геополитиката, знаеме какви економски предизвици има. Се одржа и презентација на годишниот извештај на Светска Банка, и може да се види како стои Македонија од аспект на економските состојби, дали се работи за јавен долг, раст на БДП, реализација на инфраструктура од аспект на регионален контекст. Прашањето ми е во насока на економските мерки кои ги презема оваа Влада. Сметам дека е добро да се дообјасни. Дали може да ни дообјасните детално кои мерки оваа Влада ги презема и кои се ефектите од истите. Тоа ми е трето прашање затоа што сметам дека животниот стандард треба да биде во фокусот на сите кои се занимаваат со политика и знам дека е еден од најважните клучни приоритети на нас“, дециден е пратеникот Стојаноски.