30.04.2026

Петрушевски: Брисел и Вајц ги потврдија фактите, СДС ширеше невистини за ИПАРД и Реформската агенда

Почитувани,

Брисел потврди дека ИПАРД програмата не е блокирана и дека реализацијата продолжува, додека европратеникот Томас Вајц јасно посочи дека Македонија има напредок во делот на Реформската агенда.

Со тоа, паднаа во вода обидите на Филипче и СДС за манипулација на јавноста и земјоделците. Тие со месеци ширеа невистини дека европските средства се изгубени, дека програмата е запрена и дека земјоделците нема да добијат поддршка.

Вистината е дека по случајот во Платежната агенција, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навремено реагираше, ги стопираше процесите, го извести Брисел и побара вонредна и темелна контрола. Извештајот покажа дека системот функционира, дека процесите се одвиваат согласно закон и дека нема злоупотреба на системот.

Дополнително, Томас Вајц ја демантираше тезата на Филипче, посочувајќи дека изјавата на која се повикува СДС е стара неколку месеци и дека државата има напредок во Реформската агенда.

Лажеа за мигранти, лажеа за Буџетот, лажеа за пензиите, за платите, за земјоделците. Нема за што не лажеа и беа демантирани. Наместо да ја манипулира јавноста за ситни политички поени, СДС треба да престане со лаги и конструкции.

Додека СДС лаже, манипулира и го продава евроинтегративниот процес за нивни лични и бизнис интереси, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи посветено на евроинтегративниот процес.