Лагите на СДС и Венко Филипче како меур од сапуница се распрснуваат секој ден.
Нема ден да измислат лага, а за истата експресно да бидат демантирани од релевантни институции.
Така и овој пат, лажејќи за напредокот на Македонија, како и за ИПАРД програмата, Филипче и СДС повторно се демантирани и целосно разобличени. Овој пат двојната шлаканица дојде од Брисел и од европратеникот и известувач на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц.
Брисел испрати известување дека средствата од ИПАРД програмата повторно се на располагање на македонските земјоделци, додека Вајц јасно посочи дека државата напредува во спроведувањето реформите.
Европратеникот Вајц се јави со јасен демант дека изјавата, која ја користи центарот за лаги и манипулации на СДС и Филипче, е стара неколку месеци и дека Македонија апсолутно има напредок во делот со Реформската агенда.
СДС и Филипче, исто така, лажеа и ширеа паника кај земјоделците дека средствата од програмата се блокирани и дека европските пари паѓаат во вода, додека нивниот поранешен министер за земјоделие, Љупчо Николовски, секојдневно ликуваше и се радуваше. Тврдеше дека средствата биле одземени, дека земјоделците биле оставени на цедило и дека земјоделците никогаш нема да добијат европски пари.
Но, заборавиле дека ова не е време на СДС кога земјоделците беа оставани на цедило, сами да се снаоѓаат како знаат и умеат, туку дека сега на власт е ВМРО-ДПМНЕ, а земјоделците имаат партнер со кој заеднички ги решаваат проблемите.
Така, веднаш по настанувањето на случајот со платежната агенција, Владата ги презема сите потребни мерки. Првично, ги стопира процесите во агенцијата, потоа го извести Брисел и побара вонредна и темелна контрола, по што за кратко време стигна и извештајот во кој се потврдува дека нема злоупотреби на системот и дека постапките биле согласно закон.
За ситни политички поени и опстанок на политичката сцена, Филипче и СДС го лажеа и манипулираа народот и земјоделците, но со ваквиот однос и политики, за кои постојано се демантирани, станува се помалку релевантна и партија без никаков кредибилитет.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува и понатаму посветено да работи во интерес на државата и граѓаните, унапредувајќи го евроинтегративниот процес, наспроти блокадите на СДС и напуштањето на работните групи за законските решенија од Реформската агенда.








