Почитувани,
Венко Флипче секој ден повторува како неговиот став и на неговата СДС е членство во ЕУ, за ова зборуваше и викендов во рамки на дебатата во Собранието, но тој како да не сфаќа или не сака да сфати дека слугувајќи му на Зоран Заев не може во ЕУ.
Брисел не бара и не сака само реторика дека некој ја сака Европската унија, туку бара конкретни дела.
А Филипче и раководството на СДС кое е само марионета на Заев знаат само да зборуваат дека ќе ја напуштат работата на Собранието во дебата за законски измени за укинување на техничката влада, се противат на законски измени за пратениците да имаат само македонско државјанство и слично.
Ваква реторика Брисел не сака. Брисел бара дела, бара работа на европски стандарди, а како може тоа да се очекува кога единственото нешто што Филипче го знае е да ги тера старите политики на Заев, меѓу кои се и националните предавствата.
Филипче треба го гледа сопствениот двор и да ја постави СДС на свои нозе. Не може човек кој ја води својата партија кон пропаст да се грижи за државата. Во меѓувреме, Филипче да сопре со лагите за ВМРО-ДПМНЕ и интеграцијата во ЕУ.
Граѓаните сакаат во ЕУ, но сакаат достоинствено, а ВМРО-ДПМНЕ токму тоа го реализира.
ВМРО-ДПМНЕ не само декларативно, туку и суштински ја поддржува и работи на европската интеграција. ВМРО – ДПМНЕ е за достоинствено преговарање, јасни црвени линии и реформи што навистина функционираат, а не само на хартија. ВМРО-ДПМНЕ не е против ЕУ, туку е против лоши договори и неефикасни политики кои се слика и симбол на СДС.










