Прашање: Од СДСM денес повторно ве обвинија дека водите лоши економски политики, дали може ваш коментар?
Одговор: Најпрвин ќе споделам одредени бројки, во 2022-та година инфлацијата на храната беше 24,8%, во 2023-та година инфлацијата на храната беше 16,8%, додека денес во 2026 година инфлацијата е 4,9%. Цените на горива во најголемата криза во историјата, денес, поголема од оние две кризи во 70-тите и во 2022-та година, цената е околу 1,5 евра или 90- тина денари. Да се потсетиме во 2022-та година цената на горивата беше 110 денари. Платите во јавниот сектор секаде се зголемени со план до 2028-та година за 40-60%, пензиите за година и пол власт на ВМРО-ДПМНЕ се зголемени линеарно за 7000 денари. Секоја година враќаме долгови во просек од околу 2 милијарди евра. Ако граѓаните сметаат дека СДС воделе добри економски политики, ќе им ја дадеа довербата на нив, а не на нас. Затоа, СДС нема кредибилитет и легитимитет да говори за економски политики, затоа што е партија која ја задолжи Македонија за 7 години повеќе, отколку сите влади од 91-та до 2017-та година.










