17.04.2026

Петрушевски: Не помина блефот на Заев, Основниот суд Струмица се прогласи за ненадлежен по тужбата поднесена против мене

Навидум мала, но за мене голема победа против Зоран Заев.

Со решение, Основниот суд Струмица се прогласи за месно ненадлежен по тужбата поднесена од Заев против мене.

Или поранешниот премиер и претседател на телото за реформи во правосудството, заедно со својот адвокат роднина, навистина немаат поим од правото…

или сè уште мислат дека Струмица е нивен личен пашалук, па се обиделе на ваков начин да влијаат врз пресудата.

Како и да е, ваквиот обид на блеферот Заев не помина, а уште помалку успеа во намерата да ме замолчи.

Продолжуваме…

Линк од фб статус:

https://www.facebook.com/share/p/18ekEeuq8X/?mibextid=wwXIfr