11.04.2026

Мекото ткиво на македонската идентитетска политика олицетворено во Филипче нека не се грижи за граѓаните, нека си ја консолидира прво СДС

Се јавија од СДС, поточно раководството предводено од чуварот на фотелјата во партијата Венко Филипче, загрижени за граѓаните и нивниот стандардот.

Еве ќе ги потсетиме кратко што се презема по случувањата на Блискиот Исток. Тоа е мерката за намалување на ДДВ за нафтените деривати од 18 на 10 проценти, потоа одлуки за нивелирање на акцизите за дизел горивата и бензините.

Дополнително, континуирано се следи ситуацијата на енергетските пазари и се прават анализи со цел да се предвидат движењата на цените на горивата. Согласно последните пресметки откако вчера берзите затворија  направена е пресметка и се очекува да се донесе одлука за намалување на дизел горивата, односно на бензините.

Оттука, мекото ткиво на македонската идентитетска политика олицетворено во Филипче нека не се грижи за граѓаните и за државата воопшто.

Сега Филипче има друга работа пред себе, а тоа е да си ги консолидира редовите во СДС.