Почитувани,
Излезе на виделина поврзаноста на Филипче и Заев со бизнисот со марихуана.
Фирмата ЦБД Медплант ДОО од с.Борисово на Тони Котев, на која и беа запленети 30 тони дрога, добива одобрение од владата за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година.
Во тој период Филипче е министер за здравство и тој лично ги одобрува лиценците за одгледување на марихуана, што значи дека не само што се знае и соработувал со Тони Котев, туку и му помогнал да го почне и работи овој бизнис.
Дека Филипче заедно со Заев цврсто се бореше за овој бизнис говори и фактот што силно се заложуваше марихуаната да се користи и за лична потреба.
Ај што поддржуваше легализација заедно со Заев, ај што даде 50 лиценци на лица блиски до него, Заев и СДС, туку и се залагаше за експорт на цветот од канабис.
Затоа ли во 2023 година, власта на СДС го промени Правилникот за одгледување на канабис? За да може да им врви бизнисот на Заев и Филипче? И дополнително, колкава сума требало да добие ова криминално дуо.
Затоа, потребно е ЈО да ја истражи поврзаноста на Заев и Филипче со дрогата.










