07.02.2026

Петрушевски:Обвинувањата на СДС за новиот состав на Извршниот комитет се класичен пример на панична пропаганда

Прашање: Ваш став за обвинувањата од СДС дека Мицкоски си ги поставил најблиските во ИК за апсолутно да владее со паријата? 

Одговор: Обвинувањата на СДС се класичен пример на панична пропаганда без факти и без аргументи.

Факт е дека Драган Ковачки поседува валиден НАТО сертификат, што целосно ги демантира лагите дека бил „одбиен од НАТО“ или дека не исполнувал безбедносни услови. Сѐ друго е злонамерна конструкција за дневнополитички потреби.

ВМРО-ДПМНЕ спроведува внатрепартиски реформи согласно Статутот и со јасна цел, ефикасна, одговорна и европски ориентирана партија.

Обвинувањата за наводна контрола врз институции и медиуми се неосновани и доаѓаат од структури кои со години ја злоупотребуваа државата и сега се плашат од одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на политиките што значат Македонија интегрирана во ЕУ, стабилен НАТО партнер и заштита на државните и националните интереси.

Лагите нема да ја покријат вистината.