СДС си продолжува со старата матрица на неосновани обвинувања и политички конструкции, без ниту еден конкретен доказ за незаконско постапување.
Уште еднаш е јасно дека СДС демонстрира површност и непрофесионалност.
Сите Јавни набавки спроведени од општините и од Град Скопје се реализирани согласно Законот за јавни набавки, преку транспарентни и јавно објавени постапки, достапни за проверка од сите надлежни институции.
Наместо да шири шпекулации и наводи од анонимни свиркачи, СДС треба да одговори за сопствените корупциски скандали и за уништената доверба на граѓаните во институциите за време на нивното “успешно“ владеење, кога ја пљачкаа државата, ги уништуваа институциите и го осиромашуваа народот, за сега со украдените пари да тераат бизниси по светски дестинации како Дубаи.
Граѓаните заслужуваат сериозна и одговорна политика, а не импровизации за дневнополитички поени.
И за крај, СДС кога веќе зборуваат за фотеЉата на Орце, добро е прво нивниот АКТ тим да научи како се пишува зборот, затоа што кога не се знае правопис, тешко се држи лекција за политика!









