Почитувани,
Филипче го доведе СДС на тотален распад поради неговата лојалност кон Зоран Заев, додека од друга страна од СДС си одат или се дистанцираат поранешни партиски функционери и членови.
Филипче во СДС гледа само корист, а не партија со која треба да понуди програма, визија или стратегија за тоа како ја гледаат државата во иднина.
Филипче работи исклучиво по насока на Заев, а доказ за сето ова е тоа што негови поранешни блиски соработници не сакаат да се вратат во партијата, поради недостигот на лидерство и капацитет да се врати партијата на старите патеки.
Во јавноста веќе се повеќе се потврдува и нашата информација која ја добивме од Бихачка, а тоа е дека познат доктор, воедно и поранешен градоначалник, кој важел своевремено за близок соработник на Филипче, одбил позиција во раководството, од причина што Филипче за него бил нерелевантен и човек без кредибилитет.
Во СДС се потребни итни реформи во раководството. Она што Филипче, Заев и Ковачевски му го направија на СДС, ги доведе да бидат трета партија во Македонија, а петта во Скопје.










