УШТЕ ЕДНА ОДЛУКА ВО КОРИСТ НА ГРАЃАНИТЕ
Имајќи во предвид дека сме соочени со незапамтена енергетска и економска криза, донесовме уште една одлука во корист на граѓаните.
Согласно Договорот за мобилни телекомуникациски услуги, Општина Македонска Каменица има можност за набавка на уреди, кои во сите изминати години до сега биле во вид на мобилни телефони распределувани на вработените од општинската администрација. Оваа година ќе набавиме три телевизори за Детската градинка “Бамби” и таблети за ученици од социјално ранливи семејства.
Во наредните две недели ќе биде објавен Повик за распределба на еднократна парична помош за првачиња во износ од 3.000 денари и за средношколци запишани во прва година во СОУ “Миле Јаневски Џингар” во износ од 20.000 денари.
Од 15.10.2022 година ќе биде објавен и Конкурсот за стипендирање на ученици и студенти. Продолжуваме посветено и сите општински ресурси ги ставаме во корист на каменичани.