10.10.2025

Ружински: Рехабилитација на регионалниот пат Берово-Струмица за економски развој

Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот.

Со години тој пат е во лоша состојба, небезбеден и полн со дупки, што го отежнува патувањето и транспортот на стоки.

Во соработка со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како врвен приоритет ја поставуваме целосната рехабилитација на овој патен правец.

Тоа значи темелна обнова на подлогата, комплетно нов асфалт и нова модерна сигнализација.

Подобрата поврзаност значи побрз економски развој и поголема безбедност за сите.

Заокружете го бројот 9 за проекти кои не поврзуваат.