09.10.2025

Проданоски: Прилеп ќе добие нов лик, функционален и достоинствен 

Време е Прилеп да добие нов лик, функционален, уреден, достоинствен.

Ќе изработиме сообраќајна студија која конечно ќе го реши хаосот, во сообраќајот.

Со јасен план за движење, паркирање и безбедност.

Плоштадот Методија Андонов Ченто пред хотел Скопје, ќе добие нов изглед, уреден, зелен и пријатен простор за дружење и настани.

Го обновуваме срцето на градот, реконструкција на инфраструктурата во старата чаршија, и зачувување на нејзиниот дух, како културно наследство.

На повеќе локации во градот поставуваме јавни тоалети, основна потреба за културен и современ урбан простор.

Секој чекор е дел од големата слика, град со ред, убавина и достапност за сите.

Прилеп добива нов лик, модерден, чист и уреден но со душата на старата чаршија, што никогаш не згаснува.

https://youtube.com/shorts/de4beB4Fwlw?feature=share