3.000 денари за секое новородено дете во општина Бутел.
Со задоволство најавувам дека за прв пат нашата општина ќе обезбеди надоместок за новороденче во висина од 3.000 денари.
Оваа поддршка е дел од нашата заложба за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел.
Ние не застануваме – инвестираме во инфраструктурата која ќе ја подобри иднината на секое дете.
Изградивме две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, а во наредниот период ќе изградиме уште три нови градинки во Радишани, Визбегово и Бутел 1.
Нашата визија е јасна, создаваме услови за развој и иднина за секое семејство!
https://www.facebook.com/share/p/1CdJUzDHth/?mibextid=wwXIfr








