Срамно е СДС да зборува за тоа дали е загаден воздухот или не. СДС е партија која ќе остане запаметена само по едно – тоа е партија додека беше на власт наместо да понуди решение за воздухот, излезе на протест.
Замислете СДС доаѓа на власт и наместо да се фати за работа излезе на улица и тоа никој друг туку тогашните челници во партијата како министри, така и тогашниот заменик министер за животна средина Јани Макрадули. А, замислете протестот за чист воздух го поддржаа нивни кандидати за градоначалници во тогашната изборна 2017 година.
Потоа тогашниот претседател на СДС и премиер, Зоран Заев вети дека ќе го реши Вардариште.
Актуелната кандидатка за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, пак доаѓа од секторот екологија, поточно Министерството за животна средина каде беше и министер, но никако не и текна на било какво решение за било кој проблем како воздух, отпад.
СДС треба да знае, граѓаните не забораваат.
Надлежните сектори се на терен и работат на санирање на проблемот со отпадот.
ВМРО-ДПМНЕ работи на решавање на проблемите на граѓаните тековно, но не може децениски проблеми да се решат преку ноќ.