13.09.2025

Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе има огромна победа на претстојните локални избори

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ по долгите анализи и испитувања кои ги правеше и она што го констатираше е дека комплетиравме листи за советници и кандидати за градоначалници кои што ќе настапат на следните избори.

За кандидати за градоначалници ги избравме оние кандидати кои што покажаа добри резултати во минатото, во изминатите 4 години, но исто така имаме и нови кандидати коишто се профилирани ликови во средините од каде што доаѓаат.

За листи за советници се избрани луѓе коишто се предлог на месните и општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Можам да констатирам дека партијата е комплетно мобилизирана, дека ќе имаме голем успех на следните локални избори. Исто така мfожам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ, на следните локални избори ќе има плус советници и плус градоначалници во споредба на она што го имавме во 2021 година. Сите анкети, сите анализи, и се она што го слушаме од терен е показател дека ќе имаме една огромна голема победа на следниве локални избори.

Граѓаните знаат, го ценат квалитетот на понудените кандидати, но исто така ценат она што е сработено во изминатиот период од страна на кандидатите за градоначалници, но и она што ВМРО-ДПМНЕ го ветува вообичаено да се очекува да го реализира. Работата и трудот секако дека ќе биде наградена на следните локални избори.