11.09.2025

Тентов: Одиме на убедлива победа, за напредок и развој на општина Дојран

Ми претставува особена чест и задоволство што ќе бидам кандидат за градоначалник на Општина Дојран на мојата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Благодарам за довербата на претседателот и премиер, Христијан Мицкоски, Извршниот и Централниот комитет. Ова за мене претставува животна задача да имам можност да работам за дојранчани и за општината во која пораснав и живеам целиот мој живот.

А Дојранчани најдобро знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ има можност да раководи тогаш Дојран решава крупни прашања, како што е езерото, туристичка инфраструктура и многу други реални потреби на граѓаните.

Одиме на убедлива победа, за нашето место, за нашата општина, сложно да покажеме дека вистинскиот избор е напредокот и развојот кој заедно ќе го направиме за нашиот Дојран!

https://www.facebook.com/share/p/16vhKC5Vzu