04.09.2025

Во Градско приоритет се најмладите жители, воведена е бесплатна градинка за децата, воведен е бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение

За четири години локална власт градоначалниците покажаа како може да се работи транспарентно и чесно во интерес на граѓаните.

Секој ги слушаше граѓаните на својата општина и согласно можностите што ги имаа и што се отвораа особено по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ ги реализираше проектите.

Градско е една од општините кои меѓу другото стави акцент на младите.

Општината воведе неколку нови многу важни мерки како бесплатна градинка за децата коишто се згрижени во детската градинка, потоа воведен е бесплатен оброк за сите деца од прво до петто одделение. За новороденче пак еднократната помош е 10.000 денари.

Со јасна визија за општината, со одговорна и транспарентна работа во корист на сите жители секојдневно се подобрува квалитетот на живот.

Работата на градоначалниците во изминатите четири години покажува дека Македонија од ден на ден се трансформира.