01.09.2025

Гоцевски до Филипче: Во Делчево живее горд македонски народ и секогаш бил на линија на македонските национални интереси

Неколку пати по ред Венко Филпче со огромна доза на потценување, ги споменува Делчевчани, како земале бугарски пасоши-демек тоа ги прави помалку достојни.

Во Делчево, град кој гордо го носи името на славниот вовјода Делчев, живее горд македонски народ и секогаш бил на линија на македонските национални интереси.

Ако некој оди да живее и работи во Бугарија, тоа не е затоа што се чуствува бугаринин, туку затоа што камен на камен не оставија тој и неговиот ментор Зоран Заев со кого во слободно време се возат на јахти, а кога не се сончаат на грчките плажи градат згради во Дубаи.

Венко! Следниот пат кога ќе зборувате за Делчево треба да се извините наместо да се расфрлате со обвинувања кон чесниот народ.

Извинување за тоа што кажавте дека немало окупатори, туку администратоири, тоа што нема пршлен од кичмата кој не го свиткавте и предаство кое не го направивте!А, највеќе што народот го осиромнашивте и опљачкавте.

Затоа следи пораката на народот на овие избори кој ќе го направи вистинскиот избор, изборот на промени и иднина.

Многу наскоро, Венко!

https://www.facebook.com/share/p/16vQXZRBVZ/?mibextid=wwXIfr