16.08.2025

Мицевски: ДУИ е против независни кандидати на локалните избори, дури и прагот од 0,5% им пречи

Во насока на регулирање на различните правни толкувања и  недореченостите во постапката за собирање потписи за поднесување на кандидатски листи од независни кандидати,  како ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери поднесовме измени на Изборниот законик со кои ќе  се уреди врeмено оваа постапка која што претходно беше укината од Уставниот суд.

Со ова решение се пополнува правната празнина и се воведуваат јасни правила за собирање потписи за кандидатури за градоначалници и советници од страна на група избирачи.

На комисијата за “Политички систем” беше поднесен амандман од Левица да се намали прагот од 0,95% на 0,5% на потребни потписи за независни кандидати.

Што за нас беше прифатливо и со 8 гласа ЗА (ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВРЕДИ и СДС ) и еден ПРОТИВ (ДУИ) , амандманот беше прифатен.

Чудно беше што иако се предлагачи, никој од Левица не гласаше за нивниот амандман?

Со ова покажуваме дека во ова законско решение единствена цел ни е надминување на правните толкувања и  правните недоречености и дека единствено важен ни е  процесот, на еднакви услови за учество на сите заинтересирани граѓани на овие Локални избори.

https://www.facebook.com/share/p/16xbRNGzeD/?mibextid=wwXIfr