15.08.2025

Во време на СДС и Димова, парите од Агенцијата Еразмус + завршуваа кај судиите и обвинителите, така Заев си ја купи слободата

Во време на СДС и Димова, парите од Агенцијата Еразмус + завршуваа кај судиите и обвинителите, така Заев си ја купи слободата.

120 илјади евра Европски пари, преку Димова и Агенцијата беа доделени на омилениот судија на Заев и Филипче, Лазар Нанев.

Нанев беше човек послушник и спроведувач на насоките од страна на Заев, прогонуваше градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во знак на благодарност, Заев преку Димова му додели проект во вредност од 120 илјади евра.

Да е уште потрагична работата, Нанев конкурирал со невладина организација, која била составена од едно лице, самиот Нанев. Го добил проектот на начин којшто претходно не бил вообичаен, а во тој момент извршувал висока функција во судската власт.

Додека во другите земји, овие пари завршуваа кај еминентни факултети и институти, во Македонија Зоран Заев преку Димова си купуваше судии и обвинители, за кои денес гледаме како ги штитат. Зоран Заев си ја купи слободата преку проекти од Агенцијата Еразмус +.

Затоа довербата во судството е ниска. Затоа што СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција и неспособност. Затоа СДС, Филипче и Заев купуваат судии и обвинители, и ги бираа од нивните тефтери. 

До ден денес, ниту еден функционер од мината власт не е под истрага од страна на Јавното обвинителство. Затоа што тие ги купуваа. Тоа време завршува, доаѓа времето на правдата и одговорноста.